Македонија
19. August 2024 - 12:20

Таравари: Причина за смртта на 48-годишната жена со леукемија и ковид не е реновирањето на Инфективната клиника

Причината за смртта на 48-годишната жена со лимфоидна леукемија и ковид не е реновирањето на Инфективната клиника, уверува министерот за здравство. Таравари вели дека пациентката која вчера почина, а не беше хоспитализирана на Инфективна, поради тоа што одделот се реновира, била третирана според протоколи и дека за овој случај нема лекарска грешка.