Таравари: Можно укинување на приоритетниот упат и воведување итен упат
Укинување на приоритетниот упат и воведување итен упат, е опција која ја најави министерот за здравство Арбен Таравари на средба со новинари.
Според него, голем број приоритетни упати се злоупотребуваат. Итен упат ќе може да се издаде само за фиксни дијагнози, како што се на пример мозочен удар, тумор на мозок, посериозни компликации...
Осврнувајќи се на Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин, Таравари информира дека ги добиле предлозите од сите клиники за времетраење на прегледот. Во следниот период таму каде треба ќе се зголеми времетраењето на прегледот.
Во врска со одржување на хигиената во скопските клиники и хируршките сали, рече дека се разгледува можноста за ангажирање надворешни фирми за нивно чистење.
- Дел од средствата ќе ги покрие Министерството за здравство, а дел самите клиники. Ако тоа е успешно во следните три четири месеци, тогаш ќе воведеме, како критериум, ФЗОМ буџетот што го дава на клиниките за хигиена да го пренасочи и хигиеничарките да се вработат во тие фирми, што е услов ако сакаат да склучат договор со Министерството. Одговорноста за целата хигиена во клиниките да биде на тие фирми, појасни министерот за здравство Арбен Таравари.
Ново на Сител
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200