Таравари избран за редовен професор на Медицинскиот факултет на УКИМ
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, е избран за редовен професор по Неврологија на Медицинскиот факултет на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
Ова го потврди УКИМ во универзитетскиот билтен. Инаку Таравари е специјалист-невролог.
Гостиварскиот градоначалник, кој има долгогодишно искуство на Универзитетската клиника за неврологија, досега имаше звање вонреден професор.
Врз основа на целокупната доставена документација и личното познавање на кандидатот, Рецензентската комисија позитивно ја вреднува и ја оценува наставнообразовната, научноистражувачката и стручно-применувачката дејност, како и дејноста од поширок интерес на вонр. проф. д-р Арбен Таравари.
Врз основа на изнесените податоци за севкупната активност на кандидатот од изборот во претходното звање до денес, Комисијата заклучи дека вонр. проф. д-р Арбен Таравари поседува научни и стручни квалитети и според Законот за високото образование и Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ги исполнува сите услови да биде избран во звањето редовен професор во наставно-научната област неврологија, се вели во рефератот во универзитетскиот билтен.
Поранешниот министер за здравство најави повлекување од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците.
Ново на Сител
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата