Таравари: Инспекциски надзори во скопските клиники ќе има и за викендот и идната недела
Ненајавените инспекциски надзори во скопските клиники ќе продолжат и во текот на викендот, како и следната недела, вели во пишаната изјава за медиумите министерот за здравство Арбен Таравари.
Предвидено е, посочува Травари, да се изврши надзор во сите универзитетски клиники, како и во други јавни здравствени установи низ државата. Според него, целта е одблиску да се увиди состојбата во установите и да се донесат конкретни мерки, доколку се воочат определени недостатоци.
Министерството за здравство претходно соопшти дека по насока на Таравари синоќа инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и претставници од неговиот кабинет извршиле вонреден инспекциски надзор во пет јавни здравствени установи во Клиничкиот центар во Скопје.
Надзорот покажал дека ппштата санитарно-хигиенска состојба на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно.
Уврдено било дека во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво.
Од Министерството за здравство посочија дека веднаш преземаат мерки за отстранување на констатираните недостатоци.
Целта на надзорот, како што се наведува, е континуитет во одржување на општите санитарно-хигиенски и санитарно-технички услови во објектот, почитување на работното време, континуирана покриеност на приемните амбуланти за итни случаи, како и почитување на Законот за заштита од пушење, а по случаен избор се контактирани пациенти во однос на етички и професионален однос на здравствените работници.
Ново на Сител
-
За два месеци ќе се знае дали „Градски воз“ е исплатлив проект
-
Обвинителството почна постапка за малолетникот кој без возачка удри двајца тинејџери, но и за лицето што му го дало автомобилот
-
Министерот и градоначалниците во потрага по скопски деликвенти
-
Да се носи маска во болниците и клиниките - препорака од Министерството за здравство за заштита од грипот
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи