Loading Video...
Кошарка
29. October 2019 - 16:10

Тандемот Вестбрук-Харден пресилен за Оклахома

 
Во НБА лигата ноќеска беа одиграни 11 натпревари. Најинтересниот од нив го одиграа Хјустон и Оклахома во кој домаќините забележаа победа со 116-112. 
 
Новиот тандем на „ракетите“ Вестбрук-Харден се покажа како пресилен за екипата на Оклахома. На доскорешниот лидер на “Тандерси“ сега член на Хјустон, Расел Вестбрук му недостасуваше само една асистенција средбата да ја заврши со трип-дабл, па покрај 21 поени и 12 скокови тој имаше и 9 асистенции. Харден пак уфрли 40 поени. 
 
Еден од главните фаворити за шампионскиот трофеј тимот Лос Анџелес Клиперс пред своите симпатизери забележа сигурна победа со 111-96 против Шарлот. Новото засилување на „Клиперси“ Каваи Ленард беше најефикасен играш на мечот со 30 постигнати поени 
 
До првата победа сезонава стигна и вице-првакот Голден Стеј кој предводен од Стеф Кари и неговиот дабл-дабл учинок со 26 поени и 11 асистенции го победи Њу Орлеанс со 134-123
 
На останатите натпревари: 
 
Детроит Индијана 96-94
Атланта – Филаделфија 103-105
Њујорк – Чикаго 105-98
Торонто – Орландо 104-95
Милвоки – Кливленд 129-112
Сан Антонио – Портланд 113-110
Феникс – Јута 95-96