Талат Џафери реизбран за претседател на Собранието
Собранието на Република Северна Македонија доби старо – нов претседател. Талат Џафери, кој беше претседател на минатиот собраниски состав, доби нов четиригодишен мандат како спикер на законодавниот дом. За реизборот на Џафери гласаа 62 гпратеника од владечаката коалицијата на СДСМ и ДУИ, 43 беа „против“ и ниту еден воздржан.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се изјаснија против, по гласањето, а за време на положувањето на свечената заклетва од страна на Џафери ја напуштија собраниската сала. И Левица, како што се изјаснија во дебатата, гласаа против предлогот, а пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, не присуствуваа на гласањето.
Во изјавата по завршувањето на седницата Џафери им се заблагодари на довербата на 62-та пратеници кои застнаа зад неговиот избор, но и на пратениците од опозицијата кои гласаа против односно воздржано, заради, како што рече, нивниот придонес за збогатување на демократската дебата.
-Јас останувам конзистентен на моите ставови дека и во наредниот период ќе бидам претседател на сите 120 пратеници, без оглед дали гласале за или против или воопшто не гласале. Секако, ова ќе биде период на предизвици за парламентарното мнозинство, а и за опозицијата. Сите ние низ дебати ќе треба да го збогатиме демокартскиот парламентарен живот на земјата и да придонесеме едукативно за идните генерации кои ќе дојдат овде во Собранието. Очекувам конструктивни дискусии во законодавниот дом, изјави Џафери по завршувањето на конститутивната седница.
Џафери беше предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА.
Предлогот за претседател на Собранието на продолжението на седницата го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој кажа дека во минатиот период Џафери ефикасно и успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот. Тој, според Меџити, успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието.
Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пак, со став дека со 62 пратеници нема фукционалност и стабилна работа во парламентарниот дом и оти вакво Собрание нема „долго да биде“. Во текот на целото продолжение на седницата меѓусебни обвинувања си разменија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со потсетувања кој што кажал за време на изборите, а како сега се постапува и како работеле во минатите години.
Првите честитки за новиот четиригодишен мандат за Џафери дојдоа од Тирана. Неговиот албански колега Грамоз Ручи, му го честиташе реизиборот за спикер на македонскиот Парламент на Џафери, оценувајќи дека неговиот повторен избор е потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Република Северна Македонија.
-Ви упатувам најсрдечни честитки по повод вашиот реизбор, од мое лично и од име на Собранието на Република Албанија. Вашиот реизбор претставува потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Северна Македонија и нејзината одговорност за консолидација на демократијата, изградбата на праведно општество, економски и општествен развој и забрзување на евроатланските интегративни процеси на Северна Македонија, стои во чеситката.
.
Албанските медиуми реизборот на спикерот на Парламентот Џафери го оценија како последователен историски настан за Албанците.
-Со Собранието на Северна Македонија ќе претседава Албанец и во наредните четири години. Талат Џафери од ДУИ е реизбран за претседател со 62 гласа „за“. Повторно, ова е историски настан затоа што вторпат по ред, или практично веќе осум години, Северна Македонија ќе има Албанец на чело на законодавниот дом, наведува агенцијата Балкан веб.
Пратениците вчера го избраа и составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата со што ја исцрпеа и последната преостаната точка од дневиот ред на конститутивната собраниска седница. За предлогот за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија „за“ гласаа 90 пратеници, а по двајца беа против, односно гласаа воздржано.
За претседател е избран пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов, а за негов заменик сопартиецот Мухамед Зекири. Членови на Комисијата се Горан Мисовски, Јован Митрески, Фаница Николоска, Фадил Зендели, Мерита Колчи – Коџаџику, Арбен Зибери, Антонио Милошоски, Александар Николоски, Дафина Стојаноска, Игор Јанушев, Никола Мицевски и Сурија Рушиди.
Конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав почна на 4 август. Тогаш беше формирана Комисија за верификација. која ги потвртди мандатите на пратениците избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.
Ново на Сител
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава