-->
-->
Таксист заболен од корона вирус
-->
Со симптоми, а потоа и потврден тест на Ковид-19 на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е примеn маж, кој возел такси во Штип.
Информацијата ја потврдија во Центарот за јавно здравје во Штип, каде се обидуваат да ги лоцираат сите негови контакти. Заболениот не работел неколку дена, откако ги почувствувал симптомите. Меѓутоа, колку време бил инфективен, тешко е да се каже. Човекот бил прилично комуникативен, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Дополнително усложува тоа што сопругата на заболениот е медицинско лице, меѓутоа цело време била во заштитна облека во ординацијата каде работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава