Македонија
18. May 2020 - 11:09

Таксист заболен од корона вирус

Со симптоми, а потоа и потврден тест на Ковид-19 на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е примеn маж, кој возел такси во Штип.

Информацијата ја потврдија во Центарот за јавно здравје во Штип, каде се обидуваат да ги лоцираат сите негови контакти. Заболениот не работел неколку дена, откако ги почувствувал симптомите. Меѓутоа, колку време бил инфективен, тешко е да се каже. Човекот бил прилично комуникативен, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Дополнително усложува тоа што сопругата на заболениот е медицинско лице, меѓутоа цело време била во заштитна облека во ординацијата каде работи.