Тајван: Бројот на жртвите во земјотресот нарасна на 19, над 100 се водат за исчезнати
Спасувачите денеска се обидуваат од под урнатините да ослободат повеќе од сто лица по вчерашниот силен земјотрес на југот од Тајван, по што дојде до уривање на една зграда од 17 ката, при што погинаа најмалку 19 лица, меѓу кои и едно 10 дена старо девојче и уште две деца.
Бројот на погинати расте додека спасувачите копаат по урнатините барајќи преживеани после потресот со јачина од 6,4 степена по Рихтеровата скала, што вчера го погоди градот Тајнан, пренесуваат француските меидуми.
Најмалку 250 лица, од кои тројца утринава, веќе се спасени од под урнаитните со помош на кранови, скали и кучиња трагачи.
Спасувачите велат дека 124 лица се уште се водат како исчезнати, од кои 103 се многу длабоко затрупани во урнатините од зградата, во која имало речиси сто стана, изјави градоначалникот на Тајнан, Вилијам Лај.
Според пописот на жители, во оваа зграда живееле околу 260 лица, но Лај вели дека во моментот на потресот внатре биле повеќе од 300.
Во локалната служба за вонредни ситуации изјавуваат дека 17 од 19 погинати се станари на зградата која се урнала по потресот, наведуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан