Македонија
25. January 2017 - 16:21

Тајните документи на ЦИА ја потврдија вмешаноста на високи функционери од 90-тите во шверцот на нафта

Документите на ЦИА кои ги потврдија црните бизниси на македонските власти во 90-тите, ја разбрануваа јавноста. Тајните документи на разузнавачите од САД ги отворија старите рани и ја вратија актуелноста на матните зделки.

Прва со реакција се јави ВМРО – ДПМНЕ. Партијата сега ги користи тајните белешки за потрекпа на тврдењата дека раководството на СДСМ во 90тите било вмешано во шверцот со нафта.

- Еден од главните криминалци на СДСМ е еден од најголемите проповедници за право и правда по медиуми деновиве - Љубомир Фрчковски како министер за внатрешни работи организирал шверц не само на нафта, туку и на цигари за синот на Слободан Милошевиќ. Сите криминалци од СДСМ мора да одговараат за своите злодела, пишуваат во партиското соопштение.

Во документот забележан во архивите на ЦИА под датум 20 јули 1995 година, разузнавачките информации на главните тајни служќби во САД откиваат дека движењето на полни камиони од Македонија кон Србија растел во континуитет потпомогнат од високи службеници од Македонија. Како главни канали за шверц кон Србија во овој период се посочени токму Македонија, Албанија и Романија.

За вмешаноста на високи функционери од СДСМ во шверцот во 90тите македонската јавност не слуша прв пат. А, како јавна тајна датира уште од 90тите. Во своето интервју за медиумите Петрит Аме по распитот во полиција по атентатот на Глигоров во дел од текстот го посочува и овој црн бизнис.

- Ме прашуваа и за атентатот, затоа што јас со ‘‘Мултигруп‘‘ тргував со шекер.  Но, сите информации на Фрчковски за инволвираноста на ‘‘Мултигруп‘‘ во атентатот се ‘‘фалш‘‘. Доколку беше поинаку, јас ке знаев и сигурно ке го спречев тоа. Киро го сакам како татко... Тој е единствен од македонските раководтели што живее од плата. Сите други се замешани во бизниси со нафта, цигари..., сведочи Аме во декември 95та.

По објавувањето на документите на ЦИА, голем дел од медиумите го реобјавија и интервјуто на Љубомир Магаш, кој како криминалец директно бил вклучен во бизнисот.

Во извештајот тајните служби покрај откривањето на идентитетот на високите функционери од тогашната власт откриваат и како функционира целиот бизнис и точниот број на камиони кои секојдневно ја минувале границата, кршејки го воспоставеното ембарго за Србија.