„Тајмс“: Заканата денес доаѓа од Русија, Кина и Иран
Во интерес на глобалната безбедност, земјите членки на НАТО треба да ја надминат меѓусебната недоверба, бидејќи само со заеднички напори можат да се спротивстават на современите закани, наведува лондонски „Тајмс“ во редакцискиот коментар посветен на вчера завршената Минхенска безбедносна конференција.
Според „Тајмс“, главни извори на современата глобална закана се „трите ревизионистички сили“ – Русија, која го занемарува меѓународното право, Кина, која се обидува да ги поттикне евроазиските држави против Западот и Иран, кој користи различни методи за мешање во Сирија, Јемен, Либија и Ирак.
Судирот со оваа „тројка“ е уште посложен отколку оној што беше со поранешниот Советски Сојуз за време на Студената војна, оценува лондонскиот весник.
„Тајмс“ посочува дека трите сили сорабитуваат меѓусебе на различни нивоа, посочувајќи ги како пример заедничките руско-кинески постапки за блокирање на иницијативите на Западот во Советот за безбедност на ОН и нивната зголемена активност во трговијата со оружје и во енергетскиот сектор.
– Опасноста е очигледна. Ако Русија преземе контрола врз уште повеќе делови на поранешниот Советски Сојуз, ако Кина успее во контролата над поморските рути во Тихиот Океан и ако Иран менаџира со нафтените резерви на земјите од Персискиот Залив, очигледно е дека ќе дојде до нарушување на геополитичкиот баланс на штета на Западот, се наведува во редакцискиот коемнтар весникот.
Според „Тајмс“, во таков случај ќе се постави прашањето што ќе се либералниот поредок?
Ново на Сител
-
Струга: Агресивно се однесувал во казино, па го нападнал обезбедувањето - Кривична за 33 годишен маж
-
Wing Chun Надеж за Иднината | Si-Fu Ѓоре Костовски | Личен развој | Sitel Podcast 060
-
Гаснењето на пожарот во Чаир отежнато поради големата количина запаливи материјали
-
Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК