Тајланд: Властите ги предупредија жителите да не излегуваат на отворено - измерени 54 степени во Бангкок
Тајландските власти вчера ги предупредија жителите во големи делови од земјата, вклучително и главниот град Бангкок, во кој се измерени 54 степени Целзиусови, да избегнуваат излегување на отворено поради екстремните жештини.
Поголеми делови од Азија пријавуваат екстремни жештини овој месец, со рекордни температури во некои земји.
Во Бангладеш и делови од Индија, поради жештините се зголеми потрошувачката на електрична енергија, што резултираше со прекини на снабдувањето и недостиг на електрична енергија за милиони луѓе.
Во Бангкок денеска температурата достигна рекордни 54 степени Целзиусови во областа Бангна, соопшти метеоролошката служба.
Затоа властите ги предупредуваат жителите да избегнуваат активности на отворено и да бидат свесни за опасноста од топлотен удар.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола