Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, се извини по контроверзните изјави во кои го критикуваше раководството на англискиот клуб.
Мартинез, по поразот на Јунајтед на гостувањето од Атлетико Мадрид (0:2) во Лигата на шампиони во вторникот, изјави дека клубот го оставил тренерот Мајкл Карик со недоволен квалитет на играчи.
Во четвртокот вечер, по разговорите со претставниците на клупското раководство, аргентинскиот репрезентативец објави соопштение во кое нагласи дека состанокот бил позитивен.
„Разменивме мислења и отворено разговаравме за тоа што се случи по натпреварот во вторникот. Секој знае дека сум страсна личност и дека го доживувам фудбалот многу интензивно. Фрустрацијата од поразот ме натера да ги изразам моите чувства во време и место што можеби не беа соодветни, за што сакам да се извинам“, порача 28-годишниот дефанзивец на Јунајтед.
Според англиските медиуми, Мартинез е парично казнет за јавните коментари.
Од почетокот на сезоната, Јунајтед забележа само две победи на девет натпревари во сите натпреварувања и се наоѓа на 13. место во Премиер лигата со шест бодови.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
