Балкан
17. May 2018 - 13:42

Тајани: Пакет од 10 милијарди евра за инфраструктурни проекти на Западен Балкан

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска во Софија изјави дека предложил пакет од 10 милијарди евра за инфраструктурни проекти на Западен Балкан.

Тој на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, додал дека е можно постигнување на договор за пристапување на Србија во членството на ЕУ до 2025 година, што преставува иницијален датум кој е составен дел од Стратегијата на ЕУ за пристапување на земјите на Западен Балкан, усвоена во февруари годинава, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.

„Оптимист сум по повод членството на Србија“, истакнал Тајани, додавајќи дека  предложил пакет од 10 милијарди евра за инфраструктурни проекти на Западен Балкан, како и дека Србија е важна за Европа.

Двајцата соговорници се согласиле дека е значајно да се работи на владеењето на законите и дека тоа ќе помогне кон забрзување на европските интеграции-сопштија од кабинетот на Вучиќ.