Балкан
9. February 2017 - 12:16

Тахири: Заедница на српски општини дури по укинувањето на паралелните структури

Косовската министерка за дијалог Едита Тахири изјави дека Заедница на српски општини (ЗСО) нема да биде воспоставена се додека целосно не бидта расформирани „српските паралелни структури во Косово“, пишува приштинскиот весник „Зери“.

- Остануваме одлучни во примената на спогодбите постигнати во текот на дијалогот, рече Тахири пред членовите на Комисијата за надворешни работи на косовскиот Парламент.

Тахири нагласи и дека дијалогот меѓу Приштина и Белград навлегува во финална фаза во која, како што тврди, главно прашање на разговорите ќе биде взаемно признавање, додава косовскиот весник.