Loading Video...
Спорт плус
6. May 2021 - 19:43

Таеквондо: На турнир во Софија ќе се „брка“ олимписка норма

Македонската теквондо Федерација денеска ги извести медиумите дека претстојниот викенд во Софија наши претставници ќе се обидат да обезбедат олимписка норма за игрите во Токио. 
 
За македонската репрезентација на овој олимписки турнир ќе настапат  европскиот првак Дејан Георгиевски во категоријата над 80 килограми. 
Филип Додевски кој исто така е носител на европски медали ќе се натпреварува во категоријата до 80 килограми. 
Носителот на бронзениот медал од светското јуниорско првенство Анамарија Георгиевска ќе настапи во категоријата до 67 килограми.
Националниот тим го предводат селекторот Борче Костовски и неговиот помошник Дарко Костовски. 
Според пропозициите од секоја категорија само финалистите ќе обезбедат олимписка норма и ќе патуваат за Токио. 
Почитувани,
 
Од федерацијата најавуваат силна конкуренција но и добар настап на македонската репрезентација во Таеквондо која за овој настап се подготвуваше цели 6 месеци.