Тачи: Партнерството со САД ни овозможи да станеме држава
Косовскиот претседател Хашим Тачи, по пречекот што му го организираше на приштинскиот аеродром zа американскиот претседател Џо Бајден, на својот профил на фејсбук напиша дека партнерството со САД овозможило Косово да стане држава.
„Заедно со мојата сопруга Луме го дочекавме потпрeтседателот Бајден и неговото семјство. За да им посакаме срдечно добредојде на постојаните пријатели на Косово беше и Мајлинда (Мајлинда Келменди освојувач на златен медал на олимпијадата во Рио) хероината на нашата држава“, напиша Тачи.
Претседателот на Косово оценува дека „стратешкото партнерство со САД овозможи да станеме држава и секогаш се повеќе да стануваме демократско општетво со рамноправни можности за сите“.
Под силно обезбедување, Бајден на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ пристигна синоќа околу 22 часот. Хеликоптери го надлетуваат небото над Приштина, посебно подрачјето каде што е хотелот во кој е сместено семејството Бајден.
Денеска тој ќе се сретне со претседателот Тачи и премиерот Иса Мустафа.
Ова е втора посета на Бајден на Косово, по онаа во 2009, една година по прогласувањето на независноста.
Ново на Сител
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?