Тачи: Никој не треба да се плаши од Војската на Косово

Претседателот на Косово, Хашим Тачи пред денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе се расправа за трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК), порача дека таа воена сила не претставува закана и не треба никого да плаши.
– Ќе учествувам денеска на една итна седница свикана за Косово. Вистината треба да се каже, трансформацијата на Безбедносните сили на Косово не е повод за стравување, туку за славење. Посветеноста на Косово е да имаме мултиетнички институции. Нашиот фокус сега е на дијалогот и за место на Косово во ОН, напиша Тачи на Твитер.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, вчера, пред заминувањето за Њујорк, Тачи изјави дека и изгласувањето на вонредна седница на косовското Собрание на резолуцијата за дијалогот со Србија претставува чекор напред кон нормализирањето на односите меѓу Приштина и Белград.
– И во оваа фаза имам верба дека со одлуката на Собранието ќе постигнеме успех и ќе го затвориме темното поглавје на српскиот геноцид во Косово. Вчера беше и гласањето во Собранието на Косово, од пратениците од власта и опозицијата, за резолуција за формирање сеопфатен тим, со што се создаде простор и за граѓанското општество. Овој дијалог ќе биде финален, со можност за конечен договор, со меѓусебно признавање, изјави Тачи.
Ново на Сител
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
