Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
Израелските воздушни напади низ Либан во текот на вчерашниот ден се сериозно кршење на примирјето помеѓу САД и Иран, изјави шефот на иранската дипломатија. Абас Арагчи тврди дека Либан е вклучен во договорот за двонеделен прекин на огнот, споделувајќи ја објавата од посредникот, премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф.
- САД ќе мора да изберат меѓу прекин на огнот и продолжување на војната преку Израел. Не може да ги има двете. Светот ги гледа масакрите во Либан. Топката е во дворот на САД, напиша Арагчи на социјалните мрежи.
Конфликот помеѓу Израел и Хезболах е надвор од рамките на тој договор, порака од Тел Авив и Белата куќа.
- Либан не е дел од прекинот на огнот. Тоа им е пренесено на сите страни вклучени во прекинот на огнот, изјави Каролин Ловит, портпаролка на Белата куќа.
- Инсистирав дека привременото примирје со Иран нема да го вклучи Хезболах. И ние продолжуваме силно да го удираме, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Изарел
Продолжените борби во Либан имаат потенцијал да ги уништат преговорите и повторно да го втурнат регионот во војна. Револуционерната гарда на Иран тврди дека го затворила Ормутскиот теснец поради израелските напади и се закани со повлекување од преговорите ако Тел Авив продолжи со нападите врз Либан.
Трамп порача дека американските воени бродови и авиони ќе останат околу Иран и се закани дека Соединетите држави ќе почнат да пукаат повторно доколку Техерен не се придржува до својот дел од договорот.
Франција, Велика Британија, Шпанија, Италија, Турција и Катар порачаа дека Либан мора да биде вклучен во примирјето.
Според последените инфорации од Либанската цивилна одбрана, најмалку 254 цивили се убиени, а над 1000 се повредени во вчерашните израелкси напади, а густо населените области во Бејрут се меѓу најтешко погодени. Нападите почнаа кратко откако стапи на сила примирјето помеѓу САД и Иран.
- Не можам да ви опишам колку беше интензивно, колку беше застрашувачки, колку беше страшно. Звукот беше многу гласен, многу застрашувачки и многу страшен, искрено, изјави Мона Наура, раселена Либанка.
- Уништување, многу масовно уништување. Мислам, дури и некој што не се плаши би се исплашил. Чувствувам страв и вознемиреност, каде оди оваа земја? Што ќе правиме со нашите животи? Каде ќе останеме и каде ќе одиме? Никој не знае што ќе се случи. Имаме деца, средства за живот, имот; луѓето сакаат да живеат. Доста ни е, доста ни е од војна, Абед Сабра, жител на Бејрут.
Првиот круг американко-ирански разгоори за траен крај на конфликтот закажан за сабота во Исламабад.
- Војната е привремено избегната и прекинот на огот е првиот чекор, но нашата крајна цел е одржлив и траен мир, развој и просперитет, изјави Шехбаз Шариф, премиер на Пакистан.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
