Тачи: На Косово му е потребна Влада која ќе работи за доброто на граѓаните а не да дава патриотски изјави
Косовскиот претседател Хашим Тачи вечерва во Тирана изјави дека на Косово му е потребна Влада која ќе работи подобро за социјална благосостојба во земјата.
– На Косово му треба Влада која подобро ќе работи за социјална благосостојба во државата, наместо да дава патриотски изјави, рече Тачи.
Тој информира дека денеска попладне се сретнал со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и оти разговарале околу прашањето за визите.
Според Тачи, постои тенденција на Косово да му се дадат дополнителни услови за визна либерализација.
– И реков дека визната либерализација мора да се случи. Тенденцијата за поставување дополнителни услови е понижување за Косово, смета Тачи.
Тачи уште со став дека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик никако не требало да биде поканет на Самитот во Тирана.
– За него сите врати во светот се затворени, затоа од Кабинетот на претседателот Илир Мета треба да дадат објаснување зошто Додик е поканет на Самитот Брдо-Бриони, бидејќи ова е првпат тој да биде поканет на ваква средба, изјави Тачи.
Ново на Сител
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура