-->
-->
СЗО објави листа на најопасни бактерии во обид да поттикне изработка на нови антибиотици
-->
Светската здравствена организација (СЗО) објави листа со 12 најопасни бактерии, во обид да поттикне изработка на нови антибиотици.
- Се зголемува отпорноста на антибиотици и итно бараме опции за третмани, изјави Мари Пол Киени, официјален претставник од СЗО.
Фармацевтските компании се почесто се откажуваат од истражувања за нови антибиотици, поради ризик дека нов лек би станал многу брзо неупотреблив откако бактеријата ќе стане отпорна на него.
СЗО бара владите да ги поттикнат компаниите што работат на нови антибиотици.
Најопасните три бактерии според СЗО се Acinetobacter, Pseudomonas и различни видови на Enterobacteriaceae, меѓу кои и Ешерихија коли.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот