СЗО: Индискиот сој пријавен во 52 територии
Индискиот сој на коронавирусот е официјално пријавен на 53 територии, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО доби и информација од неофицијални извори дека варијантата Б.1.617 е пронајдена на уште седум територии.
Бројот на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19 продолжи да опаѓа минатата недела, бидејќи се регистрирани повеќе од 4,1 милиони нови случаи и 84.000 смртни случаи, што е намалување за 14 проценти, или за два проценти во споредба со претходната недела.
Европскиот регион на СЗО забележа најголем пад на бројот на заразени и смртни случаи во последните седум дена, следен од Југоисточна Азија. Бројот на регистрирани случаи на коронавирус во САД, источен Медитеран и африканскиот регион е сличен на податоците од претходната недела.
Најголем број нови случаи во последните седум дена доаѓаат од Индија (1.846.055, пад од 23 проценти), Аргентина (213.046, пораст за 41 процент), САД (188.410, пад од 20 проценти) и Колумбија (107.590, пад од седум проценти) .
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата