СЗО: Досега потврдени 80 случаи на мајмунски сипаници
Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека од вирусот на мајмунски сипаници, кој прво беше регистриран во Англија, а потоа се прошири и во другите европски земји, досега се заразени 80 лица.
Потврдени се околу 80 случаи на мајмунски сипаници, пријавени во СЗО од 12 земји.
Првпат регистриран во Англија на 7 мај, вирусот мајмунски сипаници се прошири во 12 земји во последните две недели.
Покрај Англија, земјите каде што се регистрирани случаи се Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Италија, Шведска, Канада, САД и Израел.
Мајмуните сипаници се сродни на големите сипаници кои беа искоренети во 1979 година, но се помалку преносливи и помалку смртоносни. Главната разлика помеѓу симптомите на сипаници и мајмунска сипаници е во тоа што мајмуните предизвикуваат отекување на лимфните јазли, а големите сипаници не.
Глодарите, вклучително и оние кои се чуваат како домашни миленици, и мајмуните можат да го носат вирусот и да го пренесат на луѓето.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека симптомите на мајмунска сипаница започнуваат со треска, главоболка, болки во мускулите и исцрпеност. По неколку дена, пациентите може да развијат осип кој поминува низ различни фази. Болеста обично трае две до четири недели.
Вирусот, кој обично се пренесува од животно на човек, а ретко од човек на човек, може да предизвика висока температура и меурчиња на телото кои чешаат.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата