И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта

Десетици илјади лица се очекуваат денеска на Парадата на гордоста во Будимпешта, и покрај забраната од унгарската полиција.
Британските медиуми го цитираат организаторите на настанот кои наведуваат дека ќе има учесници од 30 земји, меѓу кои и европскиот комесар за еднаквост Хаџа Лахбиб и околу 70 членови на Европскиот парламент.
Повеќе од 30 амбасади ја поддржаа Парадата на гордоста, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти да дозволат одржување на настанот.
Полицијата ја забрани годинашната парада, повикувајќи се на закон за заштита на децата донесен од парламентот во март, а кој овозможува Парадата на гордоста да биде забранета.
Критичарите тврдат дека законот е дел од пошироката владина репресија врз граѓанските слободи пред општите избори во 2026 година.
Градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, се обиде да ја организира парадата како општински настан, за да избегне потреба од полициска дозвола.
Меѓутоа, властите го отфрлија тој обид и предупредија за можни последици.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека учесниците можат да очекуваат „правни последици“, додека министерот за правда Бенце Тузон претходно оваа недела предупреди дека организирањето забранет собир е кривично дело казниво со до една година затвор, а присуството се смета за прекршок.
Законот, исто така, дозволува употреба на камери за препознавање лица за идентификување на учесниците.
Коментирајќи ја можната казна, градоначалникот рече дека не ја сфаќа сериозно и дека тоа само ќе ја зголеми неговата популарност.
Седумдесет унгарски граѓански организации, вклучувајќи ја Унгарската унија за граѓански слободи, Транспаренси Интернешнл Унгарија и Унгарската хелсиншка комисија, вчера објавија заедничко писмо за поддршка на Парадата, тврдејќи дека законот што ја овозможува забраната „служи за заплашување на целото општество“.
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
