СЗO: Бројот на лица заразени со Ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари
Бројот на лица заразени со Ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари, но вакцините имаат потенцијал да ја контролираат пандемијата. Тоа го изјави шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус.
Повеќе од два милиони луѓе починаа од Ковид-19 ширум светот.
Тој смета дека развојот и одобрувањето на безбедни и ефикасни вакцини помалку од една година по појавата на новиот вирус е зачудувачко научно достигнување и извор на надеж.
– Вакцинацијата против Ковид-19 во моментов е во тек во повеќе од 50 земји, рече Тедрос, но скоро сите се земји со високи или средни приходи.
– Треба да работиме заедно како едно глобално семејство за да обезбедиме итно и правично испорачување на вакцините.
Шефот на СЗО исто така истакна дека вакцините надополнуваат, но не ги заменуваат основните мерки за јавно здравје.
Според последните податоци на СЗО, заклучно со вчера во светот имало 95.612.831 потврден случај на Ковид-19 и 2.066.176 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање