СВР Тетово: Казни има и за неадекватно носење на маските
Поставување на маска на брадата или на раце е казниво и се смета за неадекватно спроведување на мерката за спречување на ширење на коронавирусот, порачуваат од тетовската полиција. Инаку само за една недела, од 7 до 13 декември се евидентирани 480 прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Дел од изречените санкции се однесуваат на неадекватното поставување на маските на лицето.
– Казните за неносење заштитни маски се во насока на спречување на ширење на коронавирусот, а има санкции и за оние кои маските не ги поставуваат адекватно односно на брадата или на рака. Според прописите за спречување на ширење на епидемијата потребно да бидат покриени устата и носот со лична опрема (заштита) која треба да се носи при излегување од домот, при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).
Според евиденцијата на СВР Тетово од 1 до 14 декевмри (денеска до 7 часот утринава) се изречени вкупно се 838 казни за неносење на заштитни маски. Од 1 до 6 декември се 309 и од 7 до 13 се 480 и само во изминатото деноноќие 49.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева