СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Вчера (27/28.07.2024) во периодот од 21.00 до 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата. На територија на Кисела Вода лишено било едно лице по член 215 од Кривичниот законик, а спроведена била и сообраќајна контрола при што санкционирани се 10 возачи.
Исто така, вчера (27/28.07.2024) во периодот од 18.00 до 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје преземаа зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на Сарај. При тоа лишен од слобода бил Џ.У.(25) од Тетово, бидејќи при преглед кај него биле пронајдени марихуана, дробилка за марихуана и нож.
Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
