Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата
Под мотото „Децата имаат кратко време да растат, а цел живот да живеат со резултатите“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања - Раст на РМ денеска ќе се придружи на глобалната инцијатива за одбележување на 20 Септември, Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.
Во Македонија во моментов има 100 до 110 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон за раст, терапија која е целосно покриена од државата. Со овој хормон се постигнуваат одлични резултати, но само доколку навремено се почне со терапијата.
Од Здруежнието велат дека навременото препознавање на нарушувањата на растот е сериозен проблем, а децата многу касно добиваат можност да бидат дијагностицирани и соодветно да бидат лекувани. Во основа, додаваат, проблемот се состои во фактот што децата многу касно се препраќаат кај соодветен лекар - специјалист педијатар ендокринолог за подетална анализа и точна дијагноза. Загриженоста за висината обично доаѓа кога децата се во понапредна возраст, најчесто во повисоките одделенија во основното образование. Тоа е глобален проблем.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес