Светска банка ја ревидира прогнозата за раст на македонската економија
Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, СБ проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3,0 отсто, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција. За 2026 година се прогнозира раст од 3,2 проценти, или зголемување за 0,2 отсто во однос на претходната проценка.
Од земјите во регионот, Бугарија годинава ќе забележи раст од 2,8, Хрватска 3,0, Босна и Херцеговина 3,2, Албанија и Црна Гора по 3,5, Косово 3,9, а Србија 4,2 отсто.
Се предвидува дека целиот регион на Западен Балкан ќе има раст од 3,7 проценти во 2025 и 3,9 проценти во 2026 година.
Клучна улога се очекува да имаат приватната потрошувачка и инвестициите, особено во Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во исто време, забавениот раст на еврозоната се очекува да обезбеди само ограничена поддршка за извозот.
СБ смета дека Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан би можел да ја удвои економијата на регионот во рок од една деценија, поддржувајќи го пристапувањето во ЕУ и подобрувањето на финансирањето на инфраструктурата и пазарната интеграција.
Главни ризици, пак, се геополитичките тензии. Руската инвазија врз Украина останува значаен фактор во обликувањето на регионалната перспектива. Секоја понатамошна ескалација може да доведе до поголемо економско нарушување во целиот регион.
Одложувањата во спроведувањето на структурните реформи може да го попречат исплаќањето на средствата на ЕУ за Западен Балкан и да ги одложат изгледите за пристап во ЕУ за сегашните земји кандидати. Покрај тоа, некои економии може да се соочат со дополнителни предизвици при извршувањето на големи инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ.
Светска банка очекува глобалниот економски раст оваа година да биде 2,7 проценти и да остане на исто ниво во 2026 година, нагласувајќи дека таа стапка е недоволна за стимулирање на одржливиот економски развој.
Според заменик-главниот економист на Светска банка, Ајхан Косе, тоа е стапка со која светот „може да живее“, но не е доволна за подобрување на животниот стандард на луѓето, како во побогатите така и во посиромашните земји во светот.
Извештајот на банката предупредува и на дополнителни пречки за тоа сценарио, од зголемена политичка несигурност и негативни промени во трговската политика, до геополитички тензии и постојана инфлација, до природни катастрофи поврзани со климата
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија