Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило тешка кражба. Како што информира Обвинителството, се работи за 23-годишник кој на 02.01.2024 година насилно влегол во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, а вкупната вредност на предметите што ги одзел е проценета на 296 000 денари.
- Со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот кат на куќата и насилно го отворил прозорецот. Потоа пребарувал низ собите и одзел накит, шест рачни часовници, два лаптоп компјутера, други вредни предмети и парични средства во износ од 1 000 евра. Потоа, преку споредна врата ја напуштил куќата и повеќе од една година не бил достапен за полицијата. Имајќи предвид дека токму оваа околност укажува на ризикот осомничениот повторно да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, како и фактот дека против него се поднесени пријави и за други дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, наведува Обвинителството.
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини