„Тој прилично брзо леташе паралелно со земјата...Сето тоа не траеше повеќе од 5 секунди“, раскажа Светлана.
Меѓутоа, научниците се сложуваат дека не е во прашање доаѓање на вонземјани. Остатоци од метеоритот допрва треба да се пронајдат, но снимките од огнената топка веќе може да се анализираат.
Доцентот на Физичкиот факултет МГУ, астрономот Владимир Сурдин, потврди за телевизијата „Ѕвезда“ дека очевидци го виделе паѓањето на болидот (многу сјаен метеор).