Светиот крст во Гостивар го фати Виктор Угриноски
Светиот крст за Водици во Гостивар заврши во рацете на шеснаесет годишниот Виктор Угриноски. Овој гимназијалец ја имаше најголемата среќа помеѓу дваесетината гостиварци, кои влегоа во Вардар за да го извадат симболот на православието.
По една година пауза, манифестацијата по повод на големиот христијански празник Богојавление Водици во Гостивар верниците повторно масовно ја поддржаа манифестацијата.
Прославата на Водици започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ од каде литијата тргна по градските улици до малиот мост на Вардар.
Виктор прв пат учествува на манифестација и непосредно по вадење на крстот ја сподели радоста со гостиварци и им посака здравје и среќа. Иницијативниот одбор што ја организира прославата му подари осветена икона.
Прославата на празникот ќе продолжи на кејот на Вардар, каде кумовите принесуваат скромна трпеза.
Водици во гостиварскиот регион се слави во речиси сите села каде што има православни христијани. Голем собир со верници имаше и во селото Ростуше, а традиционално Водици се слават во долнореканското село Битуше.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот