Македонија
10. January 2025 - 12:28
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
По новогодишните и божиќните празници граѓаните се подготвуваат за празниците кои следат за Василица и големиот верски празник Водици . Рафтовите и тезгите се полни, но се чини дека џебовите се се попразни. Секој сака празничната трпеза да биде богата, но едно се желбите а друго можностите.Трошоците се значително зголемени а основните намирници се поскапени .
Експертите велат дека треба да има континуирано празнично намалување на цените за да може достојно секој да празнува .
Последните податоци на статистика покажуваат дека трошоците на животот во 2024 година се зголемија за 3.5%, а цените на мало за 3.8% споредено со 2023 година. Најголем пораст е забележан кај храната, со значителни поскапувања на овошјето (7,8%) и зеленчукот (7,5%).
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->