-->
-->
Сведок раскажува за трагедијата која го потресе регионот - еве како загинале колешките од БиХ
-->
Педагогот Мерима Балкиќ, професорката Лејла Садиковиќ, поранешната директорка Алмина Ќоровиќ и хигиеничарката Мина Кадриќ, вработени во основното училиште „Ковачици“, завчера загинаа во страшна несреќа која се случи на магистралниот пат Сраево - Пал излетувајќи во реката Миљацка.Незапаметената трагедија ја потресе цела Босна и Херцеговина, но и регионот.
Пежото 207 со кое управувала Балкиќ околу 13 часот излетало во провалија длабока 200 метри. Во тој момент случајно се нашол на тоа место и Вељко Филиповиќ кој вчера за Аваз раскажала се.
-Не возеа повеќе од 60 километри на час. Меѓутоа, патот беше мокар, видов дека жената почна да кочи, но изгуби контрола над возилото. Со предното десно тркало удри во потпорен ѕид кој беше од десната страна на патот - раскажал Филиповиќ, видно потресен од несреќата на која бил сведок.
Вели дека потоа се свртеле и се превртеле во провалијата. Тој потрчал по нив, но наскоро автомобилот му исчезнал од видокругот.
-Тага огромна, па погледнете само, барем еден метар пониско да се лизнеле ќе удреле во карпа. Токму на местото каде они слетале е дупка. Да имаше тука бакнина, трагедијата не би се случила - рекол Филиповиќ.
До телата на загинатите било исклучително тешко да се дојде. Тренот бил лизгав и каллив поради дождот.
-За да пријдеме до телата, се спуштавме 100 метри до коритото на реката, а потоа забележавме две тела. Две жени додека се првртувало возилото излетале од него и останале заглавени меѓу дрвата. За да дојдете до нив, моравме со моторна пила да ги сечеме гранките - рекол еден од спасувачите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
