Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста

Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градскиот огномет по повод Денот на независноста. Пламен и облак од чад се издигнаа над мостот пред пожарникарите да го изгаснат пожарот.
Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден.
Две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот, објави градската противпожарна служба. Пожарникари околу 22 часот беа видени како го гаснат пламенот на мостот, што беше затворен за сообраќај за време на настанот.
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека ваквите пожари не се неочекувани и токму затоа публиката се држи на безбедно растојание за време на огнометот.
Самиот настан во Њујорк започна рано поради заканата од лошо време, кое ги откажа и одложи другите прослави долж Источниот брег. Тоа го вклучува и Вашингтон, каде што бурата ги принуди властите да ги евакуираат посетителите од Националниот мол.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
