Сведоци: Русите воспоставуваат позиции околу нуклеарката Запорожје
Руски сили во последните неколку недели воспоставуваат одбранбени позиции во и околу нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, изјавиле четворица сведоци.
Надзорните камери во самата нуклеарна централа се насочени кон север, кон територијата контролирана од украинските сили.
Како што пренесуваат светските агенции, руските сили пред неколку месеци поставиле оружје на некои од покривите на нуклеарната централа.
Тие поставиле и мрежи околу нив за да спречат евентуални напади со дронови.
Двајца Украинци кои работат во централата и уште двајца жители на Енерходар одлучиле да зборуваат за руските воени мерки во и околу нуклеарната централа, но побарале да бидат анонимни затоа што се плашеле за сопствената безбедност во градот кој е под руска окупација.
Петро Котин, директор на украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом, изјави дека не верува оти украинската војска директно ќе ја нападне централата, но може да се обиде да ги принуди Русите да бегаат со прекин на линиите за снабдување.
Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје во првите денови од инвазијата врз Украина.
Ново на Сител
-
Против лицата кои го малтретираа кучето Феликс, поднесено е обвинение
-
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
-
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје
-
Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува
-
ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
-
Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено