Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30. седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок.
Пред да ја образложи оставката, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала.
Даути, образложувајќи ја оставката, посочи дека тоа е врв на срамот што се случил во Собранието.
- Ако живеевме во нормална држава, тогаш ова седница немаше да се одвива и јас немаше да имам потреба да земам збор. Ова е врвот на срамот што се случил во Собранието и е директна закана кон еден избраник од граѓаните, како и држење под контрола на истиот. Моето дејствие за ставање на Законот за бранители е врз основа на членот 3, кој подразбира дополнителни услови како да дејствуваат институциите. Нема да прифатам различни услови на дејствување надвор од Деловникот. Избирам да дејствувам слободно, без условувања и да ги заштитам вредностите на демократијата и слободата. Така дејствував и кога го донесовме Законот за државјанство, кога искористувајќи ги сите механизми, го одблокиравме и донесовме законот, рече Даути.
Посочи дека и за Законот за бранители ги користила сите можности во согласност со Деловникот со цел да се подигне нивото на дебата во врска со потребата од третирање на страните од војната во 2001 година подеднакво.
- Зошто Апасиев и останатите пратеници од Левица во врска со Законот за бранители, не побараа точката да се стави на дневен ред? Јас ќе ја додадов точката на дневен ред, но се поставува прашањето зошто пратениците тоа не го побараа. Рокот за ставање на точката на дневен ред помина и мене не ми дозволуваше Деловникот да ја додадам таа точка. Овие 61 пратеници си играат „мејтап“ со власта. За мене услов е да се почитуваат сите националности, рече Даути..
Интерпелацијата на Даути беше поднесена од пратеничката група Левица. Собранието констатираше дека наводите во интерпелацијата се основани. На седницата тогаш не присуствуваа пратениците на СДСМ.
Ново на Сител
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
-
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје
-
Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува
-
ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
-
Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено
-
СДСМ: Новогодишната кошничка се покажа целосно промашена
-
Илире Даути си поднесе оставка