Свет
19. August 2022 - 13:31

Сушата ја натера „Shell“ да ја намали преработката на нафта во Германија

Британско – холандската компанија за нафта „Shell“ информираше дека била принудена да ја намали преработката во рафинеријата во германскиот регион Рајнленд поради нискиот водостој на Рајна, што го отежнал транспортот.

„Поради нискиот водостој на Рајна, го намаливме капацитетот на Shell Energy and Chemicals Park Рајнленд. Ситуацијата со снабдувањето е сложена, но, со неа се управува внимателно“, соопшти компанијата.

Нема информација за колку е намален капацитетот на рафинеријата, што може да преработи до 17 милиони тони сурова нафта годишно или 345.000 барели дневно.