Сурија Рушити: Алијансата на Албанците нема да поддржи Закон за обвинителство во кој има амнестија
Пратениците на Алијансата за Албанците на Зијадин Села нема да гласаат за предложениот Закон за обвинителство бидејќи пристигнатата верзија на законот во парламентот не е иста со договорената, вели пратеникот Сурија Рушити.
- Вистина е дека Алијансата на Албанците имаше свои забелешки на драфт верзијата на Законот за обвинителство и голем дел од нив беа прифатени од министерката Дескоска. Но она што стигна во Парламентот не е истиот предлог закон. Во членот 110 се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме Закон за јавно обвинителство кој овозможува амнестија - вели Рушити.
Членот 110 се однесува на тоа дека снимките од СЈО по завршниот рок од јуни 2017 година ќе можат да бидат само индиции, а не и докази во судските постапки.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ