Сугарески и претставници на „Вибе“ разговараа за реализацијата на пругата Куманово-Бељаковце
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и претставници на компанијата „Вибе“ денеска на средба разговарале за досегашната соработка во изградбата на пругата на Коридор 8 каде оваа компанија се јавува како изведувач на активностите за првата делница Куманово-Бељаковце, како и плановите за идните инфраструктурни проекти во Македонија.
Според соопштението од Министерството за транспорт и врски, двете страни се обврзале на реализација на проектот на Коридор 8 во рамки на договорените рокови.
Компанијата „Вибе“ од март 2014 година работи на проектот за обнова и изградба на првата од трите железнички делници на пругата кон Бугарија.
Како што за МИА неодамна информираа од Министерството за транспорт и врски, активностите на терен на делницата се забавени поради нерешена експропријација и археолошки наоѓалишта и во тек е нивно надминување. Досега се реализирани 25 проценти од градежните работи. За втората делница од Бељаковце до Крива Паланка до крајот на годината треба да се избере изведувач на градежните работи, а за третата фаза во тек се активности за геодетско снимање.
На средбата со претставниците на „Вибе“ предводени од Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Сугарески ги повикал сите заинтересирани компании од Германија да пројават интерес за учество на јавните повици за реализација на идните инфратсруктурни проекти.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила