Судските расправи во Кривичниот суд ќе се снимаат со опрема донирана од САД
Судските расправи во Основниот кривичен суд Скопје од денеска ќе бидат аудио снимани и пишаните записници се заменуваат со тонски кои директно ќе влегуваат во АКМИС системот.
Во пракса тоа значи дека досегашната обврска судот да доставува пишани записници ќе биде заменета со издавање на аудио цд-а по завршување на секое од рочиштата.
Тоа треба да придонесе за ефикасноста, така што ќе се избегнат повторувањето и прекините, што досега беа честа пракса поради неможноста на записничарите да ги следат и внесуваат во записник адвокатите, обвинителите, сведоците или обвинетите кои зборуваат побрзо. Со тоа ќе се намали и делокругот на работа на записничарите, кои сега ќе треба да следат дали функционира аудио опремата и тонските снимки влегуваат во АКМИС системот.
Од судот посочуваат дека останува можноста за изработување пишани записници, но само во одрдени ситуации и потреба.
Техничката опрема за аудиоснимање на судските расправи, е донација од Амбасадата на САД во Скопје и беше промовирана на судско рочиште против обвинета за производство и пуштање во промет на психотропни супстанци на кое присуствуваше и делегација предводена од амбасадорката Кејт Мари Брнс.
Ново на Сител
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска