Македонија
15. April 2025 - 16:32

Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани

Не успеа обидот на ДУИ во Собранието да иницира надзорна расправа по повод ужасната трагедија во Кочани.

Интегративците сметаа дека парламентот требал да дебатира за случајот бидејки истрагата добивала етнички призвук. Според претседавачот на Комисијата Пренџов пак, ДУИ правела циркус од трагедијата, што предизвика бурна реакција кај Блерим Беџети.

На собраниската комисија за политички систем „за“ предлогот на ДУИ подршка даде само опозициската СДСМ.

Пратениците на владејачката коалиција воопшто не се изнасија за предлогот. Тие сметаат прво истрагата за Кочани тереба да заврши, а потоа парламентот да ги отвори сите несреќни од изминативе години.

Барање за надзорна расправа за пожарот во Кочани имаат и од опозциската Левица, но нивниот предлог се уште чека доволен број на пратенички потписи.