-->
-->
Судскиот совет треба да избере претседател на Кривичниот суд
-->

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Основен суд Скопје 1, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг листа за оваа функција.
Претходно, членовите на Судскиот совет ќе ја разгледаат оставката в.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд Стојанче Рибарев, кој ја поднесе на 25 октомври од лични причини.
Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава.
На дневен ред на седницата е разгледувањето и оценувањето на извештаите за работата на судовите во Република Македонија за третото тромесечие за 2017 година
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор