Судовите нема да функционираат нормално ако не се зголемат платите на судиите, вели Судскиот совет
Судскиот совет реагира на најавените законски измени со кои ќе се намалат коефициентите за пресметка на платите на функционерите и со тоа нема да пораснат согласно растот на просечната плата.
„Финансиската независност на судството е од огромно значење за самостојноста и независноста на судството воопшто, па со интервенција во закон во кој е загарантирана платата на судијата, со недостаток на финансиски средства за исплата на додатоци на плати за вработените во судството, незголемување на платите на вработените во судството, неодобрување на сите побарани согласности за нови вработувања, директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите и на независноста и самостојноста на извршување на судската власт", велат од Судскиот совет.
Претходно и Здружението на судии остро се спротивстави на најавата за кратење на коефициентите. Бараат предлогот итно да биде повлечен.
„Наместо очекуваното зголемување на коефициентот договорен низ шест-годишен дијалог на ЗСРСМ и Владата на РСМ, денес сме сведоци на суспендирање на договореното, сега веќе со образложение дека е обезбедено издржливо уставно решение. Здружението на судиите ќе ги употреби сите можни правни и останати средста за суспензија на овие евентуални законски измени, кои ги доведуваат во прашање загарантирани лични примања на судиите“, напишаа оттаму.
Потребата за измени во 6 закони по скратена постапка доби зелено светло денеска во Собранието и сега ќе треба да се поминат комисиските расправи, па потоа финално да се гласаат.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место