Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години
Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била на возраст од едвај 13-години, за прекин на судскиот предмет против познатиот француски режисер од полско потекло, пренесоа светските агенции.
-Полански и натаму се крие од правосудството и судот не може да го прекине предметот, затоа што на тој начин тоа ќе биде најдобро за жртвата, изјави судијата.
Саманта Гејмер во јуни од судот побара да ја прекине „40-годишната казна“, која, според неа, им била наметната како на извршителот на делото, така и нејзе како жртва.
Во 1977 година Роман Полански, тогаш на возраст од 43-години, беше изведен пред суд во Калифорнија под обвинение за силување на 13-годишната Саманта Гејмер. Режисерот се произнесе за виновен за незаконски сексуални односи и во затвор мина 42 дена. Откако беше пуштен на слобода со гаранција, Полански од САД побегна во Франција пред да му биде изречена казната, стравувајќи дека постигнатата спогодба ќе биде укината и ќе биде вратен зад решетки на подолго време.
Добитникот на "Оскар" за режија оттогаш со години се крие од американското правосудство.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки