Свет
15. February 2018 - 23:19

Судар на автобус и камион- најмалку 8 мртви

Најмалку осум лица загинаа во судар на автобус со 43 патници и камион полн со ѓубриво, наведоа бразилските власти.

Сообраќајната полиција во сојузната држава Гојас соопшти дека 30 лица се повредени, а дека починатите биле во автобусот. Не e познатo дали некој од камионот е повреден.

Се истражуваат причините за несреќата.