Судан: Прекин на преговорите меѓу демонстрантите и војската
Демонстрантите во Судан ги прекинаа преговорите со Воениот совет бидејќи не е исполнето нивното барање армијата да им ја предаде власта на цивилите.
Еден од демонстрантите истакна дека се разочарани „бидејќи војската е само продолжение на режимот кој украде 30 години од нас“.
Суданската војска го собори претседателот Омар ал Башир по четиримесечни улични протести поради неговото 30-годишно владеење, проследено со конфликти, граѓанска војна и корупција.
Протестите во главниот град Картум продолжуваат со барање војската да им ја предаде власта на цивилите. Воениот совет соопшти дека е подготвен да исполни некои од барањата на демонстрантите, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата, но не и да им ја предаде власта на лидерите на протестите.
Тие истакнаа дека по две години транзициски период ќе организираат избори и подготвени се заедно со активистите кои се против Башир и опозициските групи да формираат привремена цивилна влада.
Ново на Сител
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023