Балкан
8. January 2016 - 12:29

Студот однесе два животи: Баба и дедо пронајдени замрзнати во снегот!

Невремето, кое беше проследено со обилни снежни врнежи и силни ветришта однело два животи во Србија.
 
Милорад Живановиќ (68) и Јелица Стевановиќ на 4.јануари се пронајдени замрзнати во снег, пишуваат српските медиуми.
 
Според резултатите на службите за итни случаи, на нивните тела немало знаци на насилна смрт, туку починале од замрзнување.
 
Милорад починал на само неколку метри од семејната куќа, додека бабата Јелица најверојатно се лизнала и паднала додека ги собирала перените алишта.