Студија: Во најсилната економија на ЕУ расте јазот меѓу богатите и сиромашните
Студијата објавена од германскиот Макроекономски институт (ИМК) покажува дека разликите меѓу богатите и сиромашните во Германија се подлабоки од пред две децении, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Бројот на Германци коишто живеат под прагот на сиромаштија во најмоќната економска сила во ЕУ пораснал од 11 отсто во 1993 година на 15,3 во 2013 година покажува студијата, според која сиромаштија се сметаат случаите во кои месечна заработка е помала од 60 проценти од просечната плата.
Според студијата на ИМК, разликите меѓу богатите и сиромашните значително влијае и на образованието, здравствената заштита и општиот развој на децата родени во семејства кои спаѓаат во групата сиромашни.
Резултатите од студијата се зачудувачки, ако се знае дека во моментов стапката на невработеност во Германија е рекордно ниска 4,6 проценти, а економскиот раст е стабилен неколку години по ред. Дополнително, од 2010 до 2014 година германскиот економски раст е поголем од другите најголеми економии во ЕУ, земјата има најголем трговски суфицит во светот, а државниот долг спореден со БДП е намален на 68. 6 отсто.
Ново на Сител
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар