Студија: Кој и да стане претседател на САД, Германија мора да се оддалечи од Вашингтон
Еден од водечките германски Институти за надворешна политика бара од владата во Берлин да ја промени својата надворешна политика кон поголема независност од САД.
Промената мора да се случи без разлика дали Доналд Трамп или Хилари Клинтон ќе победи на изборите за претседател на САД, пишува во извештајот на Инститот за меѓународни и безбедносни прашања од Берлин (СВП).
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, овој тинк-тенк во својата студија со наслов „Дури и без Трамп многу ќе треба да се менува“, повикува на многу поагресивна надворешна политика, која треба да ги следи германските економски и геополитички цели независно од тие на САД.
Невообичаено за германски научни центри во студијата се бара доколку е потребно, Германија да се конфронтира со САД ако тоа е од интерес за земјата.
- Претседателските избори во САД можат да имаат сериозни последици за глобалниот поредок. Германија затоа мора да ги ревидира своите односи со САД и да даде свој придонес за светскиот поредок, е ставот на Јоханес Тим, автор на студијата и шеф на истражувачката група, која што во име на институтот работела во САД.
Според студијата, евентуалниот избор на Трамп, кој се смета за неискусен и е „голема непознаница“, може да доведе до неизвесност во врска со надворешната политика на САД. Ако биде избран за претседател, Трамп според студијата, би можел да биде активен само таму каде што САД ќе имаат директен интерес и да ги ревидира стратешките односи со своите европски и азиски сојузници.
Во врска со Клинтон, Тим смета дека нејзиниот избор за претседател на САД, би бил поприфатлив за Герамнија, затоа што нејзините чекори како екс-државен секретар се попредвидливи. Студијата предвидува дека Клинтон, како и Обама ќе се залага за „мултилатерална хегемонија, при што ќе продолжи соработката со стратешките партнери“.
Сепак студијата на СВП вели дека и во случај на победа на Хилари Клинтон, Германија треба да направи „соодветни стратешки промени“ затоа што не може да се предвиди колку многу таа ќе ја следи политиката на Обама.
Како повод за неизвесност германските експерти за надворешна политика ги сметаат договорите за „Транспацифичко партнерство“ (ТПП) и „Трансатланскиот договор за трговија и инвестиции“, (ТТИП).
Дури и без драстична промена на политиката од страна на Клинтон овие прашања содржат во себе потенцијал за конфликт, смета СВП, затоа што Клинтон досега не го искажала својот став за договорите за слободна трговија, а постојат докази дека таа не е целосно задоволна од нив.
Според студијата, без разлика дали Клинтон или Трам ќе влезат во Белата Куќа, Германија не смее да остане на своите стари рутински позиции, туку треба да размисли како може да влијае на трансаталснкото партнерство и формата на идниот светски поредок.
Во тој правец официјален Берлин треба да прекине со ставот дека интересите на САД се и интереси на Германија и да биде подготвен да спори кога работите се одвиваат контра неговите интереси.
Германските власти официјално досега не искажаа никаков знак на поддршка или критика за претседателските кандидати во САД. Дел од медиумите сметаат дека Владата и канцеларката Ангела Меркел повеќе би сакале за партнер да ја имаат Клинтон.
Симпатиите за Хилари Клинтон се поврзани и со пофалбите на екс-државната секретарка која за Меркел изјави дека е „маркантен, силен лидер“, но и со коментарите на Трамп, кој во неколку наврати изјави дека германската канцеларка ја уништува Германија.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса